X
 29.01.2015 Економија

Фото: Изгледот на новата банкнота од 200 денари

Советот на Народната банка на денешната седница го усвои идејното решение на новите банкноти од 200 денари.

Како што информираат од НБРМ, носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 200 денари е релјефот кој им припаѓа на препознатливите винички теракотни икони, едни од најзначајните раносредновековни откритија на територијата на Република Македонија.



На истата страна, во централното лево поле е прикажана раносредновековна прстеста бронзена фибула од почетокот на VII век, а е пронајдена во околината на Прилеп. На задната страна на оваа банкнота е претставен архитектонско-ликовен елемент од челната фасада на „Шарената (Алаџа) џамија“ во Тетово, еден од најатрактивните споменици на архитектурата и сликарството од османлискиот период во Република Македонија, надополнет со флорални елементи преземени од декорацијата на мермерните подни плочи на познатата „Исак џамија“ во Битола, изградена на самиот почеток на XVI век.



Советот ги усвои Одлуката за издавање за пуштање во оптек кована пара за колекционерски цели „Овен“, од серијата „Хороскопски знаци“. Кованата пара „Овен“ ќе се издаде со апоен од 10 денари во 7000 парчиња.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија