X
 10.02.2015 Живот

Постери кои ги отсликуваат катастрофалните последици од поплавите

Дизајнерот Драган Стојановски изработи серија постери кои ги отсликуваат катастрофалните последици со кои ќе се соочат настраданите места.

„Сочувствувам со семејствата чии што домови беа поплавени, семејства кои што најверојатно нема да може да заработат за леб поради поплавените земјоделски поседи, оние на кои животот им е загрозен. Со таа цел изработив мал серијал на постери како мал придонес за погодените од оваа поплава. Ги повикуваме сите мои колеги, професори, граѓани, компании да се солидаризираат со настраданите и истите да одвојат мали но значајни средства се со цел да им се помогне на нашите колеги, пријатели, роднини, сограѓани“, вели Стојановски за неговата иницијатива.

Црвениот крст на Република Македонија продолжува со акцијата за собирање средства за помош на семејствата погодени во катастрофалните поплави во источниот дел на државата. За помош на настраданите семејства во поплавите во источна Македонија може да се донира со повик на телефонските броеви кои ги отвори Црвениот крст : 075-143 400 / 070-143 400 /077-143 400. Црвениот крст има отворено и жиро сметка за донирање парични средства: Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка








Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот