X
 10.11.2015 Живот

Какво време да очекуваме до крајот на неделата?



Во Македонија во вторник ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност, топло и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, кој понедекаде ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 2 до 10 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 14 до 23 степени.

Во вторник претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна до 20 степени.

Без промена на временската состојба во наредните денови. Сончево и пролетно топло. Утринските температури ќе бидат во пораст и нема да имаме негативни утрински температури. Во среда и четврток максималните температури ќе достигнат до 16 односно до 25 степени, а во петок дневните температури ќе се движат од 15 до 24 степени. Во сабота претежно сончево со појава на локална облачност, Утринските од 1 до 9 степени, а максималните од 13 до 22 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот