X
 29.04.2015 Живот

Скопјани играа и учеа со Четко



СКОПЈАНИ ИГРАА И УЧЕА СО ЧЕТКО
И ТЕТОВЧАНИ ГО НАПРАВИЈА ПРВИОТ ЧЕКОР НА ПАТОТ ДО ЗДРАВИ ЗАБИ 

Скопје, 29.04.2015 година – Најмладите Тетовчани, денеска, ќе се дружат со нашиот јунак од кампањата „Патот до здрави заби“, Четко Четковски. Дружењето ќе се случи во Рамстор, во трговскиот центар Палма Мол. Исто така, Четко се дружеше и со своите пријателчиња од Скопје во Зоолошката градина, каде ја играа играта „Кула“.

„Децата се нашата инспирација, нашиот главен мотив за оваа кампања. Дружењето со децата е најблагородната работа, а споделувањето насмевки со нив е највозвишеното чувство. Покрај дружењето преку игра, разменуваме и едукативни информации кои ќе им помогнат како правилно да ги мијат своите запчиња, колку често тоа да го прават и зошто редовно треба да ги четкаат запчињата. Играјќи ја играта Кула успеавме во тоа.“, вели Четковски.



Патувањето на Четко со дечињата ќе продолжи и понатаму во рамки на кампањата насловена како „Патот до здрави заби“. Кампањата ќе се реализира под слоганот „Секој ден четкај и со здрави заби светкај“ и има цел да ги научи децата на една исклучително здрава навика, значајна за целокупното здравје на организмот, почнувајќи од здрава исхрана како што се овошје и зеленчук, преку начинот на одржување на хигиената на запчињата се до тоа како да се зачуваат запчињата здрави, бели и цели!

За да го поминат патот до здрави заби, дечињата заедно со Четко играат неколку игри кои ќе им помогнат да научат зошто е важно да ги мијат запчињата редовно. За времетраење на кампањата, за секој купен Лакалут детски производ, дечињата ќе добиваат боенки со кои ќе имаат можност да учествуваат во сите игри кои ќе следуваат.

Како јунаци на Четко, дечињата за добрите резултати ќе бидат соодветно наградени. А сите останати учесници и минувачи, кои ќе се дружат со Четко, ќе добијат симболичен подарок.

;: За сите игри и можности за дружење, Четко и Лакалут ќе Ве информираат преку социјалните медиуми (Facebook страницата Четко Четковски), како и преку интернет страната на Натусана.

Видео од првото дружење на Четко со најмладите Скопјани.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот