X
 12.07.2016 Живот

Временска прогноза - Во сабота голем пад на температурите



Денес е вторник, 12 јули 2016 година, 194-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:05, а ќе зајде во 20:11 часот. Денот ќе трае 15 часа и 05 минути. Сончево и потопло утро имаме денеска во Македонија. Во утринските часови насекаде над Македонија е ведро.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес ќе имаме уште еден сончев и многу топол летен ден. Во попладневните часови во северозападните, западните и југозападните предели ќе има услови за појава на локална облачност. Ќе дува доумерен слаб ветер од променлив правец. Утринските температури од 10 до 21 степени, додека пак максималните дневни температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 28 до 38 степени. УВ индексот ќе има вредност 9.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 18 степени, максималната дневна до 36 степени а ув индексот ќе има вредност 9.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во среда и четврток тропски денови, ќе биде сончево и многу топло со максимални температури кои ќе достигнат до 30 односно до 40 степени, со напомена дека во западните планински предели постојат услови за развој на нестабилност и локални врнежи од дожд.

Во петок и сабота промена на временската состојба. Под влијание на поле на низок воздушен притисок и продор на постудена воздушна маса во Македонија ќе биде умерено облачно и нестабилно со поинтензивни врнежи од дожд кои ќе бидат проследени со засилен ветер, како и осетен пад на температурите. Во петок максимални температури ќе се движат од 21 до 31 степен, додека пак во сабота ќе се движат од 14 до 24 степени. Овие температури се многу пониски од вообичаените за овој период од годината.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот