Од денеска старуваат огласите за Проектите за самовработување со кредитирање на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Р.Македонија. Покрај четирите активни огласи за самовработување со кредитирање во тек е и огласот за давање на плодоуживање на земјоделско земјиште во државна сопственост за социјално загрозените лица и лицата приматели на социјална парична помош кој ќе трае во наредните 30 дена.
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска како најатрактивна од мерките ја издвои мерката за самовработување на младите лица до 29 години кои сакаат да основаат свој сопстевн бизнис и ги повика младите до 29 години да аплицираати да ја искористат оваа можност.
-Сите заинтересирани млади лица до 29 години кои што имаат своја бизнис идеја и сакаат да ја реализираат можат да подигнат кредит за основање на сопстевена компанија до 5000 евра за носителот на кредитот и дополнително по 4000 евра за секое новоотворено работно место, односно кредит во вкупен износ од 23.000 евра по навистина поволни услви, со 7 години рок за отплата и 1,5 година грејс период со каматна стапка од 1% годишно, истакна Спасов.
Корисниците на социјална парична помош односно околу 30.000 домакинства во Р. Македонија ќе можат да аплицираат и да добијат на плодоуживање земјоделско земјиште до 3 хектари.
-Вкупно на располагање во 11 општини во нашата држава се ставаат 133 хектари за оваа намена. Јавниот оглас трае 30 дена од неговото објавување и притоа би сакал да потенцирам дека примателите на социјална парична помош кои што ќе аплицираат да добијат земјоделско земјиште за плодоуживање и кои што ќе се регистрираат за земјоделци во наредните 2 години нема да ја изгубат социјалната парична помош, односно ние како министерство и понатаму ќе продолжиме да им го исплаќаме износот на социјална парична помош и плус социјално осигурување за цели 2 години, истакна Спасов.
Тој ја потенцираше успешноста на мерките за кредитирање и истакна дека за овие четири мерки кои континуирано се објавуваат изминатиов период, односно од 2007 до 2014 година, вкупно имаат аплицирано 7.311 лица, додека, пак се постигнати вкупно 4.179 вработувања од коишто се уште се на работа најголемиот број на вработените, односно 3.828 лица.
-Кај младите лица до 29 години преку овие мерки за кредитирање, досега имаат аплицирано 2.139 млади лица, а лица кои што се вработиле се вкупно 1.338 млади лица до 29 години, бројки кои само ја потврдуваат можноста ја даваат овие мерки да се отворат нови работни места и да се вработат што е можно повеќе граѓани во нашата држава, рече министерот.
Директорт на АВРМ Влатко Поповски истакна дека покрај активните мерки за самовработување со кредитирање на млади, АВРМ има и други мерки за сите други невработени лица без разлика на старосната граница или каков статус имале во минатото.