Сите се сеќаваме колку беше забавно кога наставниците ни дозволуваа да
пишуваме на училишната табла. Постоеше нешто во врска со тој мазен
простор и кредите што за нас се чинеше толку важно.
И секако, додека некои ја користат таблата за да играат бесилка или
нешто слично, некои ученици одат ниво погоре и ги користат за да
создадат неверојатни цртежи.
Во Јапонија постои натпревар за уметност на
табла. Училиштата од целиот свет дизајнираат творба на таблата, која го
одразува нивното училиште, регион и искуството во средното образование
пред да влезат во светот на возрасните. Таблата може да биде дизајнирана
од 2 до 11 луѓе, и може да ги има сите бои, теми и стилови.
Линк до галеријата.