X
 02.07.2015 Технологија

Студент на УИНТ освои златен медал на РобоМак 2015


 
На годинешниов натпревар во роботика РобоМак 2015 што се одржа во Скопје од 9 – 14 јуни, во категоријата Роботска рака со златен медал се здоби Филип Илиески, студент на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид. Успешниот победнички проект ја претставува работата на две роботски раце оспособени за исполнување на специфични задачи што вклучува прецизни и брзи движења, кои притоа самостојно селектираат производи за рециклирање. На овој натпревар учествуваа осум студенти од УИНТ „Св. Апостол Павле“, а освоениот златен медал е уште еден доказ дека студентите на УИНТ успешно го применуваат стекнатото знаење и вештини од областа на информатичките технологии и роботиката. Како што изјави победникот, на овој натпревар веќе учествува по трет пат и е најдобриот натпревар во роботика кадешто има можност да се претстават многу иновативни идеи и да се остварат нови професионални контакти.


РобоМак е меѓународен натпревар за роботика и вештачка интелигенција, организиран од страна на студентската секција на IEEE Македонија во соработка со различни студентски организации. Оваа година настанот се одржа по шести пат. Визијата на овој настан е да се популаризира роботиката меѓу студентите и младите во Македонија и регионот, како и да се иницира и поткрепи работата на многу други проекти од областа на роботиката.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија