Доли Партон напишала песна која никој нема да може да ја слушне до 2045 година.
Песната е ставена во специјално изработена кутија, која треба да остане затворена до тој датум. Партон ја создала како своевиден подарок за идните посетители на нејзиното одморалиште „Доливуд дриммор“.
Пејачката ја оставила песната со намера да биде откриена 30 години по отворањето на одморалиштето. Така, музиката што ја создала денес ќе биде слушната од публика која можеби воопшто не ја познава ерата во која таа била создадена.
Партон на овој начин оставила необична музичка порака за идните генерации - песна која буквално има датум на кој смее да биде отклучена.
Извор:
Vijesti.me
Фото:
Facebook