X
 22.07.2015 Живот

Големото отворање на Дизниленд всушност било катастрофално

Волт Дизни имал одлична визија да изгради атракција веднаш до неговото студио со цел да ги забавува посетителите - место кадешто целото семејство ќе се забавува заедно.

 

dizni


Затоа, во 1953 година тој купил земја во Анахеим, Калифорнија, и 2 години подоцна отворил Дизниленд парк вреден 17 милиони долари.

Отворањето било емитувано на телевизија, а говор одржа и претседателот Роналд Реган.

Биле издадени само 6.000 билети, но многу луѓе купиле фалсификувани, а било проценето дека присуствувале над 28.000 луѓе, многу повеќе отколку што местото можеше да се справи.

Денот бил толку жежок што неодамна поставениот асфалт започнал да се топи. Штрајкот на водоводџиите го принудил Дизни да избере меѓу функционални тоалети или фонтани со води. Дизни ги избрал тоалетите. Некои се сомневале дека недостатокот на вода бил трик за да се продава Пепси кој бил голем спонзор.

Но, тоа не бил единствениот проблем. Храната за брзо време ја снемало, а поради истекување на бензин дел од паркот морал да биде затворен. Одложувањето на сообраќајот значело специјални гости кои требало да дојдат посебно, меѓутоа дошле заедно. Еден од водителите бил фатен како бакнува танчерка, а Дизни згрешил за време на читањето на плочата Tomorrowland.

Дизни во голема мера не беше свесен за степенот на проблемите додека го отвораше шоуто. Подоцна продуцентите денот го нарекувале „Црната недела“. За среќа Дизни го поправил односот со медиумите и ги поканил на посебни настани за паркот да го доживеат правилно.

Иако отворањето било катастрофално, од тој ден па се` до ден денес се чекаат редици за влегување во паркот. До 1965 година над 50 милиони луѓе го посетиле паркот. Подоцна биле отворени паркови во Флорида, Париз и Шангај, меѓу другите. Парковите остануваат главен и иконски дел од компанијата Волт Дизни.

 

ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот