X
 30.07.2015 Живот

Македонија во жолта предупредувачка фаза... Следува уште еден тропски ден



Денес не очекува уште еден тропски ден. Според метеоалармот на УХМР ќе имаме жолта предупредувачка фаза, а во источните, југоисточните и југозападните предели портокалова предупредувачка фаза.

Во доцните попладневни се очекува наоблачување, кое во вечерните часови и во текот на ноќта ќе услови локални врнежи од дожд и грмотевици. Во текот на ноќта четврток кон петок се очекува и засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели засилен североисточен ветер со брзина и до 35 км/ч.

Утринските температури од 15 до 25 степени, а максималните дневни до 30 односно до 42 степени.

Во Скопје во четврток ќе биде сончево и многу топло. Во доцните попладневни часови услови за појава на локална облачност. Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер кој во вечерните часови и во текот на ноќта ќе го промени правецот и ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од 22 степени, а максималната дневна ќе достигне до 39 степени. УВ индекс 10.

Од петок конечно ќе можеме малку да здивнеме од тропските температури, не дека ќе биде многу посвежо но пад на температурите од 4-5 степени секако се добредојдени. Во наредните денови ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло, во попладневните и вечерните часови постојат услови за развој на нестабилна облачност која ќе услови локални врнежи од дожд и грмотевици. Температурите без некое поголемо отстапување. Утринските ќе се движат од 14 до 25 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 26 односно до 39 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот