X
 05.08.2015 Живот

Битолчанец гребел "Детелинка" и добил 500.000 денари



На Илинден, честел лозови, добил 500.000 денари, на најсреќното продажно место во Македонија - Вагабонд - во Битола на Широк Сокак

На Илинден во продажното место Вагабонд во Битола на Широк Сокак е освоена премија од 500.000 денари на инстант лозот Детелинка. Нашиот добитник, со кој се запознавме утрово во просториите на Државна лотарија на Македонија замоли за анонимност, но со нас ја сподели среќната приказна.

На празникот Илинден решил да го почести друштвото и од продажното место Вагабонд, купил купче лозови од инстант лозот Детелинка. Седнале со друштвото во блиската кафетерија и сите гребеле по дел од купчето лозови. Токму еден од лозовите што самиот ги гребел, му ја донел премијата 500.000 денари.

Со оваа празнична добивка до инстант лозот Детелинка, продажното место Вагабонд убедливо изби на првото место на најсреќни продажни места во Македонија. Токму во Вагабонд до сега се освојувани парични премии од сите видови игри на среќа и автомобили од типот Пежо, Рено Твинго и Голф 7.

Дали име нешто специфично поврзано со градот и локацијата, ве покануваме да откриете самите. Во Вагабонд на Широк Сокак во Битола ве очекува можност за уште многу премии.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот