X
 24.09.2015 Економија

Минималните нето плати низ Европа

„Еуростат“ работи на статистиките во земјите од Европската унија и оние надвор од унијата. Една од споредбите кои ги добиваме тука се оние за минималните месечни плати во повеќе земји во Европа, вклучувајќи ги и земјите од ЕУ.


Според податоците од 1 јануари 2015 година, најслабо на листата е рангирана Бугарија, по која следува Албанија, па Македонија. Минималните плати во двете најслабо рангирани земји изнесуваат 184,07, односно 156,99 евра месечно. Најниската месечна плата во Македонија на листата изнесува 213,72 евра.


„Еуростат“ ги користи официјалните податоци за минимална плата пред одземање на данокот и останатите придонеси. Знаеме дека минималната нето плата во Македонија изнесува 9.590 денари, односно 155,28 евра.

Целосните податоци пронајдете ги ОВДЕ.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија