X
 04.04.2022 Образование

Нема договор помеѓу СОНК и Министерството за финансии, ќе има генерален штрајк во образованието

На средбата помеѓу СОНК и Министерството за финансии нема договор околу синдикалните барања за зголемување на платите.

Ќе има генерален штрајк на 11.4.2022, понеделник, кој може да има многу сериозни последици за сите, изјави претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Од Владата, пак, предупредија дека ќе има казни ако градинките одлучат да не ги примаат децата, односно да си најдат замена.

СОНК бара зголемување на платите за 18,5 проценти, односно нивно усогласување со минималната плата која од овој месец се зголемува од 15.200 на 18.000 денари и дополнително минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работни места.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование