„Facebook“ сега ветува експлицитно известување во случај да открие шпиони кои хакирале нечиј профил. Од денес, корисниците ќе добиваат пораки во кои ќе бидат известени дека компанијата смета дека профилот можеби е цел на напад од хакери платени од владата доколку компанијата навистина го забележи тоа.
Алекс Стамос,
менаџерот за безбедност во компанијата, коментирал дека новата карактеристика е додадена бидејќи компанијата отсекогаш се грижела за безбедноста на корисниците и иако и порано преземале мерки во случаи кадешто забележиле слична активност, отсега ќе испраќаат дополнително предупредување.
„Ова го правиме бидејќи овие напади најчесто се понапредни и поопасни од останатите и ги охрабруваме корисниците да преземат акција да се обезбедат на своите профили“, пишува Стамос.
Засега, ова ќе функционира само во САД.