X
 21.10.2015 Економија

Како се одредува буџетот на ЕУ и која земја добива најмногу?

Буџетот на Европската унија се распределува за повеќе различни активности кои вклучуваат рурални региони, зачувување на околината, заштита на надворешни граници или промоција на човековите права. Комисијата, Советот и Парламентот играат улога во одредувањето на големината на буџетот и начинот на распределба. Но, Европската комисија е онаа која е одговорна за трошењето. Земјите кои се членки на Европската унија и Европската комисија се одговорни за 80% од буџетот.


Како се одредува буџетот?

Европската комисија принесува предлог до Советот и Парламентот. Тие може да променуваат и да најдат компромис доколку не им се допаѓа предлогот. Буџетот кој се предложува е составен врз основа на претходно договорени суми години претходно. Моменталниот план за буџетот на ЕУ важи од 2014 до 2020 година. Одговорноста за распределбата на буџетот лежи во Комисијата. Сепак, националните влади се одговорни за поголемиот дел од фондот. Организациите и компаниите кои добиваат пари од ЕУ се јавно познати.



Што покрива буџетот?

Буџетот на ЕУ се дели на повеќе делови за развој, компетитивност за развој и работа, администрација, глобализација, безбедност, издржливост итн. Најголем дел од буџетот во моментов се издвојува за создавање работа и намалување на економските разлики меѓу регионите во ЕУ. Голем дел се издвојува и за агрикултурата, руралниот развој и еколошката заштита.


Која земја добива најмногу?

Во 2014 година, четирите земји кои добиле најмногу пари од буџетот на ЕУ се Полска, Грција, Унгарија и Романија. Пресметувајќи според број на жител, четирите земји кои добиле најмногу се Луксембург, Литванија, Естонија и Грција. Од друга страна, најголемите придонесувачи кон заедничкиот буџет се Германија, Франција, Холандија и Велика Британија, а според број на жители, тоа се Данска, Финска, Германија и Италија.


Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија