X
 07.11.2015 Наука

НАСА започнува со примање на апликации за астронаути

Доколку отсекогаш сте мечтаеле да станете астронаут и да ја истражувате вселената, сега е вашата шанса.

 

наса


Овој сон наскоро може да стане реалност благодарение на НАСА која објави дека бара истражувачи за идните вселенски мисии.

„Оние кои ќе бидат избрани за оваа работа ќе имаат можност да ја подобрат науката и истражувањето на Меѓународната вселенска станица и да ги поместат границите на технологијата во длабоката вселена“, вели НАСА.

 

Доколку ова за вас звучи примамливо, и се прашувате што е потребно за да бидете астронаут, тогаш критериумите можете да ги погледнете подолу.


„Астронаутите мораат да имаат диплома од акредитирана институција во областа на инженерството, биолошките науки, физичките науки или математиката. Пожелен е напреден степен“, вели НАСА во нејзиното соопштение.

 

„Исто така, кандидатите треба да имаат најмалку три години поврзано професионално искуство или барем 1.000 часа поминати во воздух како пилот. Освен тоа, кандидатите ќе мораат да го поминат физичкиот лет на НАСА“.


Агенцијата ќе започне да прифаќа апликации од 14 декември до срединта на февруари, а избраните кандидати ќе бидат објавени во текот на 2017 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука