X
 19.11.2015 Живот

Името Исис предизвикува дискриминација меѓу луѓето

Калифорниската биотехнолошка компанија, вредна преку 7 милијарди долари којашто работи на лекови за лечење на ракот го носи името „Исис фармација“.

 

1


„Компанијата размислува да го промени своето име“, вели потпретседателот на компанијата.

Исис фармација инаку го добила името по египетската божица Изиди, но сега нејзините кутии со лекови имаат кратенка Исис, која денес се поврзува со организацијата Исламска држава.

„Смачено ни е да не` поврзуваат со терористи, посебно после нападите во Париз. Едноставно има премногу негативни конотации“, вели потпретседателот.

Одлуката за промена на името не е официјално донесена, иако минатата година директорот на компанијата изјави дека нема да го менуваат името. „Бевме Исис 25 години и нема сега да капитулираме пред терористите со промена на името. Тие нека го менуваат името.

Ова не е прв случај името Исис да прави проблеми. Белгискиот произведувач на чоколадо „Итало Свис“ во 2013 година одлучи после 90 години да го промени името.

„Исис е нашиот бренд за чоколадата. Да знаевме дека постои терористичка организација со такво име, никогаш немаше да го избереме“, вели Дезири Либерт, маркетиншката менаџерка.

Друг случај пак во кој името предизвикало проблеми е кога на девојката Исис Анчали, која инаку е софтверски инженер Фејсбук и` го укина профилот токму поради нејзиното име.

 

2


„Јас помагам во правењето на софтвери“, пишува во пораката која Исис ја држи на фотографијата поставена на социјалните мрежи.

„Фејсбук мисли дека сум терорист. Очигледно испраќањето на скриншот од мојот пасош не е доволно за да ми го вратат профилот“, вели девојката од Сан Франциско.

  

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот