X
 23.11.2015 Живот

Животниот стил на еден инженер на Тесла

Пред една и пол година, 24 годишниот Џејсон Роеслеин започнал да работи во „Tesla Motors“.

 

1 тесла


Тој живеел со цимер неколку месеци меѓутоа за него било доста фрустрирачки тоа што морал да плаќа кирија 1.250 долари месечно.

„Требаше да биде привремено се додека не видам каде сакам да живеам. Како што поминував се` повеќе и повеќе време размислувајќи, одлучив дека треба да се обидам да живеам во комбе, па и го направив тоа“, вели Џејсон.

 

2 тесла


Тој живеел во неговото комбе, „Dodge Sprinter“ од 2006 година, од октомври 2014 година до март 2015 година, користејќи го тушот од теретаната на компанијата, и јадејќи од оброците таму. ПОсле 5 месеци живот во комбето, тој започнал да живее традиционален животен стил, со околу 10.000 долари дополнителна заштеда, со што успеал целосно да го исплати неговиот студентски кредит.

Комбето го купил од eBay за 13.000 долари од Хјустон, Тексас. Спие во вреќа за спиење, а како што вели тој, условите се удобни. „Некоја ноќ знае да биде прилично студено, но имамв мал грејач, па не ми беше многу лошо“.

 

3


Што се однесува до храната и туширањето, сето тоа го прави на кампусот на „Tesla“. Таму јаде појадок и ручек, но се труди да излезе од канцеларијата за вечера.

Всушност, месечната сметка која се зголемила во текот на пет месечното живеење во комбето било за храна. „Следев колку трошам на храна бидејќи не готвев, и можеби трошев дополнителни 150 долари месечно бидејќи јадев надвор“, вели тој.

„Убаво е човек да има свој простор, тивко место - кое можеш да го направиш по твој вкус, онака како што ти сакаш. Комбето не беше во таква состојба, па затоа одлучив да заштедам за поконвенционален дом, а потоа комбето би можел да го користам за авантуристички патувања“.

 

4


Затоа, го продал за 16.000 долари, и после тоа, се преселил во куќа со три колеги,  иако не би можело да се нарече „куќа“, гаражата која ја претвориле во соба, со цел да заштедат за кирија.

„Некогаш ми недостига комбето, бидејќи беше добар начин да се избега од секојдневието. Мислам дека наскоро повторно ќе започнам таков вид на живот“, завршува тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот