Доли Партон, едно од најголемите имиња во историјата на кантри музиката и глобално обожавана хуманитарка, почина во Нешвил на 80-годишна возраст.
Во текот на кариера што траеше повеќе од 60 години, Партон се издигна од скромните почетоци во руралниот Тенеси за да стане интернационална суперѕвезда, освојувајќи повеќе „Греми“ награди.
Препознатлива по својот уникатен глас, исклучителниот кантавторски талент и легендарниот визуелен стил, таа зад себе остави хитови кои го одбележаа времето, како „Jolene“, „I Will Always Love You“ и „9 to 5“.
Покрај нејзиниот огромен придонес кон музиката и филмот, Партон беше позната и по својата хуманитарна дејност, пред сè преку програмата за описменување деца „Библиотека на имагинацијата“, како и нејзината милионска донација за развој на вакцините за време на ковид-пандемијата.
Зад себе Доли Партон не остави само безвременски песните, туку и богата ризница од мудрости, изречени со нејзиниот препознатлив дух, топлина и самоиронија. Нејзините цитати совршено го отсликуваат патот од скромното детство до врвот на светската сцена, но и нејзиниот автентичен пристап кон животот, славата и хуманоста.
„Не се навредувам од сите оние вицови за глупави русокоси, затоа што знам дека не сум глупава, а исто така знам и дека не сум вистинска русокоса“.
„Онака како што јас ги гледам работите - ако го сакаш виножитото, мора да го издржиш дождот“.
„Никогаш не можеш да станеш толку голем, толку познат или толку богат за да заборавиш од каде потекнуваш“.
„Откриј кој си и биди тоа со цел и намера“.
„Не можеме да го насочуваме ветерот, но можеме да ги приспособиме едрата“.
„Ако не ти се допаѓа патот по кој чекориш, почни да трасираш друг“.
Насмеј се, тоа ѝ ја зголемува вредноста на твојата појава“.
„Не планирам да се ограничувам само затоа што луѓето не можат да го прифатат фактот дека можам да правам и нешто друго“.
„Бурите ги тераат дрвјата да пуштат подлабоки корени“.
„Сакам да ме памтат по мојата музика... да заработуваш за живот е едно, но да создадеш вистински живот е сосема друго“.