X
 19.07.2022 Живот

Сакате да живеете во Костарика? Сега можете да го направите тоа со дигитална номадска виза

Ако отсекогаш сте сонувале да се преселите во една од најопуштените и најубави земји - Костарика, која е исполнета со природни паркови и водопади, пакувајте ги куферите: конечно е достапна новата дигитална номадска виза.

Претседателот Карлос Алварадо ја потпиша иницијативата за дигитални номади во август минатата година очекувајќи дека деталите за програмата ќе бидат финализирани за околу два месеца. Но, прописите не беа завршени до 4 јули оваа година.

Сега на странските работници на далечина и нивните семејства им е дозволено да патуваат со новата виза за да работат и да живеат во Костарика една година и да аплицираат за едногодишно продолжување.

При потпишувањето на законот, Алварадо рече дека дозволувањето на туристите да влезат во земјата на подолг период значи дека земјата може да ги користи парите што овие дигитални номади ќе ги трошат таму.

Законот доаѓа со големи придобивки, вклучително и ослободување од плаќање даноци на приход во земјата или даноци за увоз на која било опрема потребна за работа, вклучувајќи компјутери, таблети и камери. Луѓето што ќе се одлучат да ја искористат дигиталната номадска виза ќе можат да увезат и до две возила.

За да се квалификуваат за виза, патниците мора да остваруваат минимален приход од 3.000 долари месечно ако се самостојни патници или 5.000 долари ако патуваат со своите семејства. Но, патниците не смеат да работат за која било компанија од Костарика во текот на нивниот престој за да се осигурат дека работните места нема да им бидат одземени на жителите.

И оригиналните изводи од банка, заедно со потпишана изјава, треба да бидат претставени како доказ за приход. Патниците ќе добијат и здравствено осигурување за целиот престој, а сите документи треба да бидат преведени на шпански пред да се поднесат.

Костарика е една од поскапите земји во Латинска Америка, но ако сакате да живеете таму евтино, дефинитивно е изводливо. Веќе е достапно за аплицирање, а апликациите ќе бидат прифатени или одбиени во рок од 15 дена од поднесувањето.

ТУКА можете да аплицирате.

Извор: Matadornetwork.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот