X
 15.12.2015 Живот

Најдобрата количка за 2016-та пристигна и во Македонија!

„Cosatto“ се познати по интересните дизајни и модерниот стил. Нивниот најнов приоизвод на колички „Cosatto giggle 2“ ја освои престижната награда за најдобра количка во светот за 2016-та година. Количката е достапна во 7 супер интерсни дизајни, овој систем дефинитивно е примамлив за окото. Количката е создадена да трае и вклучува сè што би ви било потребно некогаш. Секоја положба е возможна и сите додатоци кои се вклучени се бонус.

Количката е достапна и кај нас, повеќе информации можете да најдете на ОВОЈ ЛИНК.



Во продолжение прочитајте нешто повеќе за овој модел на колички.






Шасија

Рамката изгледа елегантно и одговара со материјалот на седиштето. Освен тоа, не се гребе при вадење и ставање во автомобилоѕ. Прилагодливата рачка е одлична за високи и пониски родители. Лесна е и компактна и има корпа за пазарење која може да се извади, а е сместена долу. Таа е повеќе од доволно голема за да ги има сите додатоци потребни за бебето.





Носилка

Соодветна за користење од раѓање и за повремено ноќно спиење, оваа носилка е лесна за користење кога сакате да го ставите или извадите бебето од количката. Има места за играчки и овозможува ставање висечки играчки кои ќе го забавуваат детето. Во неа има „прстени“ кои доколку потребни, ќе го заштитат бебето. Сите овие поволности се достапни само во носилката. „Cosatto“ навистина мислеле на сè.





Седење

Делот за седење може да се користи од 6 месеци до приближно 3-4 години. Системот за заштита доаѓа со појаси за рамо и препоните. Седиштето има 3 можни положби кои се менуваат со копчиња координирани со бојата. Во долниот дел има простор за одмор на нозете кој лесно се чисти. Дизајните на материјалот се прекрасни, но и издржливи.






Возење

Количката е чудо на три тркала. Сите тркала се направени од цврста гума, што значи дека не оставаат траги во подот. Кочниците се лесни за користење дури и доколку носите летни чевли.





Склопување

За да се склопи во најмалку простор, мора да го отстраните седиштето. Потоа, склопувањето е лесно, а исто така и повторното користење.





Што е вклучено?

Со „Cosatto giggle“ добивате дел за седење, носилка, шасија, браник, заштита за дожд, адаптери за автомобил, торба.


Додатоци

Единствениот додаток кој ќе ви треба за количката е соодветно седиште за автомобил. Самата количка доаѓа со адаптери потребни за автомобилското седиште. Седиштето доаѓа и со заштита за дожд.





Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот