Од моментот кога се појави на социјалните мрежи оваа оптичка илузија многу луѓе не можеа да ја решат.

Без разлика дали ја гледале од телефон или компјутер, многу луѓе не можеле да го пронајдат решението и да ја сфатат пораката која се крие позади мрежата од симболи.
Всушност станува збор за позитивна и прекрасна порака за која ќе дознаете доколку вашиот мобилен телефон го навалите и гледате во екранот од правец на полначот (од горе).
Доколку ја гледате на компјутер, затворете го едното око, а ако екранот добро позициониран, ќе можете да ја дешифрирате.