X
 16.07.2020 Живот

Бенкси испрати уште една порака за коронавирусот преку цртежи во лондонското метро

Познатиот уличен уметник Бенкси, кој постојано го крие својот идентитет, претстави ново уметничко дело поврзано со коронавирусот. Како поддршка за заштитните маски, Бенкси сподели видео на неговиот инстаграм-профил од најновото дело.

Под наслов „Лондонското метро се подложува на длабоко чистење“, видеото прикажува како човек облечен како чистач влегува во метрото и навидум „чисти“, но всушност ги црта неговите познати стаорци. Уметничкото дело ги опфаќа внатрешните ѕидови на метрото, а во него се појавуваат познатите стаорци по кои е познат Бенкси како кашлаат во возот, користат маски како падобрани и носат средства за дезинфекција. Како ова да не е доволно, еден стаорец додека кашла исфрла секрет од носот кој е обоен во светлозелена боја и се распрскува насекаде, покажувајќи ја грдата страна на вирусот.

Ник Ригл, професор по филозофија на Универзитетот во Сан Диего, го објаснува значењето на новото дело на Бенкси.

- „Маскираниот“ уметник влече две моќни работи во графитите и уличната уметност: една од потеклото на графитите (вагоните во метрото) и една од потеклото на уличната уметност (нацртаниот стаорец) за да ѝ пренесе важна порака на јавноста - вели Ригл.

За оние што се прашуваат од каде доаѓаат стаорците на Бенкси, Ник има објаснување.

- Стаорците што Бенкси ги црта потекнуваат од францускиот уличен уметник Блек Ле Рат, кој почнал да црта стаорци низ Париз во раните 80-ти години - вели Ригл.

Блек Ле Рат еднаш рекол дека стаорците ја шират чумата насекаде, исто како и уличната уметност.

Во ова конкретно уметничко дело Бенкси ги користи за да нè изедначи со стаорци - ние сме носители на болести, објаснува Ник. Кога станува збор за целата порака на уметничкото дело, Ник верува дека Бенкси испраќа јавна молба за единствено на луѓето.

benksi

- Ајде да не бидеме стаорците. Тие не можат да носат маска. Ти можеш. Ајде да бидеме луѓе и заедно да се бориме со ова - вели Ник. Тука доаѓаат и зборовите од песната на Чумамбавамба - дека сите повторно ќе станеме.

Ова не е првпат Бенкси да пренесе моќна порака за време на пандемијата. Неодамна тој ги поздрави медицинските работници со делото „Менувач на играта“, кое го нацрта во ходникот на општата болница во Саутемптон. Пред тоа покажа како се справува со карантинот преку уметничко дело кое прикажува како стаорците прават неред во неговата бања.

Како што британската влада објави дека маските за лице ќе бидат задолжителни во продавници низ Англија од 24 јули, Бенкси го откри своето ново дело наречено: „Ако не носиш маска, не добиваш“ (If you don't mask - you don' get). Но, за жал, метрото одлучи да ги отстрани уметничките дела.

- Го цениме чинот на охрабрување на луѓето да носат заштитни маски. Но, во овој случај уметничкото дело беше отстрането поради нашата строга политика против графити - изјави портпаролот на „Транспорт фор Лондон“.

Портпаролот додаде дека компанијата би сакала да му понуди на Бенкси шанса да создаде нова верзија на соодветна локација.

View this post on Instagram

. . If you don’t mask - you don’t get.

A post shared by Banksy (@banksy) on


Извор: Bored Panda
Фото: Screenshot/Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот