X
 27.04.2017 Култура

Дали знаете што претставува црниот коњ на логото на „Ферари“?

Она што можеш да го сонуваш, можеш и да го направиш“ – е прочуената изрека на еден од најголемите, најхрабрите и најспособните автомобилски конструктори, Енцо Ферари.

Човекот кој ја започна својата кариера како возач на трки, го заврши својот живот како апсолутен крал на автомобилската индустрија. Сепак, легендата за неговиот амблем е една од најинтересните.


Фото: Instagram

Енцо Ферери ја почнал кариерата како возач во трки на 20-годишна возраст. Најпрво возел за екипата на „ЦМН“, мал производител на автомобили што имал сопствен возачки тим. Кариерата ја продолжил во „Алфа Ромео“ како возач-механичар.

Уште на почетокот на кариерата во „Алфа Ромео“ , Енцо го основал својот тим, „Скудерија Ферари“. Буквално од нула создал силен тим со уште посилни автомобили кои во 1929 година, биле подготвени за апсолутна доминација во светот!

Пет години подоцна, на Големата награда на Германија, „Скудерија Ферари“ ги победи најголемите конкуренти и тркачки гиганти: „Мерцедес“ и „Авто Унион“.

Но речиси и никој не ја знае симболиката на логото на „Ферари“ односно дека  црниот коњ, подигнат на две нозе врз жолта позадина, е инспириран од авионот на италијанскиот воздухопловен ас од Првата светска војна, Франческо Барака.

Барака бил најуспешниот италијански пилот, кој бил роден во 1888 година во Луго ди Романија, во близина на Равена. Уште како момче, веднаш по завршувањето на средното училиште, се определил за воена професија и во 1907 година бил примен на воената академија во Модена.  Избрал да биде припадник на коњицата, а по завршувањето на образованието стапил на должност во вториот коњички полк.

Но, токму Барака пилотирал со авионот на чие крило се наоѓал  жолтиот грб со коњ кој се подига на две нозе, во средината. Неколку години по неговата смрт, Ферари се сретнал со мајката на Барака, која му сугерирала дека на своите брзи автомобили треба да го стави знакот со исправениот коњ за да му носи среќа!

Инаку, жолтата позадина на исправениот коњ ја симболизира бојата на Модена.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура