X
 15.01.2024 Живот

Почнуваат новите кратки онлајн курсеви со Биби и Боби

Од 5 февруари започнуваат новите кратки онлајн курсеви со Биби и Боби.

Ја учиме азбуката со Биби и Боби

Онлајн курс преку кој децата се запознаваат со македонската азбука, препознавање на буквите и нивно правилно пишување.

Времетраење на курсот 2 месеца (февруари и март).

Програмата трае 16 часа и се одржува двапати неделно, понеделник и среда од 17:00 до 17:30 часот. Програмата е наменета за деца од 4 до 7 години.
Цена за целиот курс: 2.600 денари (на две месечни рати по 1.300 денари).

Бибиверзум

Програмата има воспитни и образовни цели и ќе се одржат вкупно 32 часа. Времетраење на курсот е 4 месеци (февруари, март, април и мај). Содржините кои ќе се изучуваат се по предметите: македонски јазик, математика, природа и општество, уметност и музика.

Програмата трае 32 часа и се одржува двапати неделно, во понеделник и во среда од 18:00 до 18:30 часот.

Програмата е наменета за деца од 4 до 7 години.
Цена за целиот курс: 5.200 денари (на четири месечни рати по 1300 денари).

Подготовка за прво одделение


Оваа програма ќе им овозможи на децата да се подготват за прво одделение. Заедно со Биби и Боби ќе учат содржини кои се од голема важност за предзнаењата што децата треба да ги стекнат пред почетокот на прво одделение. Содржините кои ќе се изучуваат се по предметите: македонски јазик, математика, природа и општество, уметност и музика.

Програмата трае 16 часа и ќе се одржува двапати неделно, во вторник и во четврток од 18:00 до 18:30 часот.

Програмата е наменета за деца од 4 и 5 години.
Цена за целиот курс: 2.600 денари (на две месечни рати по 1.300 денари). Времетраење на курсот 2 месеца (февруари и март).




(Комерцијална објава

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот