X
 15.02.2023 Живот

Како е да се патува со најбрзиот лифт во светот?

Додека некои лифтови се толку бавни што може да изедете сендвич додека да стигнете до седмиот кат, најбрзиот лифт во светот поминува 121 кат за 53 секунди.

Лифтот се наоѓа во облакодерот „Шангај Џонгшин Даша“ во Шангај, највисоката зграда во Кина. Најбрзиот лифт во светот патува со брзина од неверојатни 73,8 километри на час. Тој е малку побавен од гепардот, најбрзото копнено животно на планетата. Бил изработен од јапонската компанија „Миџубиши електрик корпорејшн“.

Секојдневно тој пренесува 25.000 луѓе во зградата, која има 128 ката и е висока 632 метри. Зградата била отворена во 2015 година.

Во видеото во продолжение погледнете како е да се патува со најбрзиот лифт во светот.


Извор: Pun kufer
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот