X
 30.07.2022 Живот

Зграда во Финска дизајнирана од студенти има дрвја наместо столбови

„Пику Финландија“, што во превод значи мала Финландија, е привремена сала за големи настани во финскиот главен град Хелсинки. Таа ја заменува познатата „Финландија хол“ која се реновира.

„Пику Финландија“ се најде во светските медиуми поради начинот на изградба. Имено, дрвената градба вклучува цели дрвја со гранки кои се дел од структурата и ги заменуваат столбовите.



Освен тоа, градбата може да се спакува и да се пренесе на нова локација по потреба. Планот е таа да се користи како училиште или градинка во 2024 година.

Градбата била дизајнирана од страна на студенти по архитектура. Еден од студентите, Јаако Торвинен, ја претставува градбата во видео за Би-би-си.


Извор: BBC
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот