Можеби најзлобниот мит пропагиран од филмовите, е идејата за големи, романтични гестови. Поточно, идејата дека овие гестови секогаш успеваат и го топат срцето на вашата сакана личност не е секогаш успешна. Во вистинскиот живот, овие идеи често пати завршувале со апсење што е најдоброто сценарио.
7. Масивни пожари за искажување на љубовта
Клифорд Коен сакал да се ожени со неговата девојка Рут. Токму затоа дошол до идеја да ја побара за жена во балиња сено.
Користејќи 80 балиња сено, тој напишал „Дали ќе се ожениш со мене Рут?“. Планот бил да ја однеси неговата девојка навечер на местото кадешто ги поставил балињата, а неговиот пријател да ги осветли со фаровите од автомобилот. За жал, неговиот пријател не се појавил, а во очајнички потег, братот на Клифорд ги запалил балињата. За брзо време огнот излегол од контрола, зафаќајќи го целото поле.
Среќа во несреќа било тоа што Рут прифатила да се омажи за него.
Истото го направил и студентот Дим Ксионг Чиен кој сакал да ја побара за жена неговата девојка додека шетаат низ кампусот, со огномет. Но, за жал, неговата девојка заборавила да оди на средбата, такашто Дим отишол да ја бара, и го запалил огнометот за да и` го привлече вниманието. И секако, предизвикал пожар кој ја зафатил спортската сала на кампусот.
6. Глумење на херој
Џон Тучек бил шеф на полицијата во Ленјсборо, Минесота. Тој се`уште ја сакал неговата девојка и се убедил себеси дека ќе ја врати доколку таа има шанси да види колку тој е несебичен и грижлив човек. Затоа тој спровел план како да го запали нејзиниот апартман. Неговиот план бил вака:
Чекор 1: Предизвикување пожар позади апартманот на неговата поранешна девојка.
Чекор 2: Враќање во автомобилот за да се пријави пожарот.
Чекор 3: Спасување на девојката.
Чекор 4: Жежок секс.
Сигурно ќе бидете „шокирани“ што неговиот план бил неуспешен. Прво, тој не можел да воспостави врска, па затоа морал да вози за да добие мрежа. Откако се вратил до зградата, пожарната веќе пристигнала. Поради тоа што не го зел во предвид присуството на гасоводот, тој предизвикал пожар што ги зафатило и другите две соседни згради. Се` на се`, тој предизвикал штета од половина милион долари и отишол право в затвор.
5. Улоги на киднапирање
Николас Харбар и Стефани Пелцнер, одлучиле да ги разгорат нивните секс улоги навлегувајќи во опасност. Затоа се одлучиле за еротско киднапирање. На денот на вљубените, Николас ја врзал Стефани и ја затворил во автомобилот. За да се разгорат страстите, тој ја оставил таму додека завршувал некои обврски низ град.
Важно е да се напомене дека во јавност се преправале дека ја киднапирал, што е голема разлика меѓу експлицитен секс и насилно киднапирање. Еден човек ја забележал Стефани и викнал полиција.
После испраќањето на 9 полициски автомобили во потрага по нив, полицијата конечно ги пронашла дома; откако слушнале за што всушност се работи, тие ги уапсиле за непристојно однесување (што е друг термин за „глупав и гол“).
4. Тетоважа и ерекција засекогаш
За да ја искаже неговата љубов кон саканата, тој ги истетовирал нејзините иницијали на неговиот пенис. И покрај тоа што неговата девојка почувствува огромна благодарност кон неговиот чин, сепак тетовирањето имал необичен пропратен ефект - човекот постојано имал ерекција.
3. Подарок за најсаканата
Дали можете да ја замислите реакцијата на вашата сакана личност кога ќе ѝ подарите огромен подарок кој не содржи огромен телевизор туку вистински човек?
Ху Сенг добил интересна идеја - да се спакува во кутијата и да биде испратен до неговата девојка. Неговиот пријател го ставил во кутијата, а потоа кутијата беше доставена на другиот дел од градот. Ху претпоставил дека патувањето ќе трае околу 20 минути. Меѓутоа, имаше забуна со адресата, такашто подарокот пристигна три часа подоцна. Кога неговата девојка ја отвори кутијата, таа го пронајде Ху онесвестен, поради што морала да викне брза помош.
2. Наставникот заложник
25 годишниот Александар Куптсов сакал повторно да биде со неговата 17 годишна девојка. Александар бил поранешен руски воен командант, па затоа тој одлучил да го искористи неговиот воен тренинг и експертиза за да состави брилијантен план за враќање на неговата девојка. Наместо да го направи тоа што го прават обичните луѓе, тој одлучил да го земи за заложник наставникот на неговата девојка.
Целта му беше да ја „заслепи“ неговата поранешна девојка со покажување на неговата сила кон наставникот кој неодамна ја паднал. Неверојатно, таа воопшто не била заинтересирана, со што Александар бил целосно збунет - единственото барање од полицијата му било пица и сок.
На крајот полицијата влезе во училницата и го уапси Александар.
1. Камен од Месечината за љубовницата
Практикантот во НАСА сакал да ја импресионира неговата љубовница Тифани Фоулер, а воедно и да направи милион долари. Наместо да го заврши практикантството и да стане астронаут, тој се одлучил за полесниот пат - кражба на камен од Месечината кој имал намера да го продаде на црниот пазар.
Тој знаел каде се чуваат камењата, па заедно со Фаулер и уште еден практикант одлучиле да украдат. Но, се покажало дека сефот бил премногу комплициран, па затоа одлучил да го земе со себе.
Успеал да договори средба со белгиски колектор на минерали, меѓутоа колекторот се посомневал и го пријавил случајот во ФБИ. Така Робертс доби 6 години затвор.