X
 15.03.2025 Живот

Објавена листата со урагани за оваа сезона: Како и зошто овие бури добиваат имиња?

Сезоната на урагани во Атлантикот почнува на 1 јуни, но веќе се знае како ќе се викаат сите потенцијални бури.

Светската метеоролошка организација однапред подготвува листа со имиња, но сè уште не е познато колку урагани ќе се формираат оваа година и колку ќе бидат силни.

Дали се очекува тропска бура Андреа или можеби ураганот Карен?

Тропската бура добива име кога нејзиниот постојан ветер ќе достигне брзина од 63 км/ч, а преминува во ураган кога ќе достигне 119 км/ч.

Просечно, сезоната на урагани во Атлантикот носи околу 14 тропски бури, од кои седум стануваат урагани, според податоците од 1991 до 2020 година.

Прогнозите за јачината на ураганите оваа сезона ќе бидат објавени во наредните недели и месеци од страна на приватни, универзитетски и државни институции.

Листа со имиња за урагани во Атлантикот


Имињата се доделуваат по азбучен редослед, а секоја нова бура го добива наредното име од листата. Буквите Q, U, X, Y и Z не се користат поради недостиг на соодветни имиња.

Андреа
Бери
Шантал
Декстер
Ерин
Фернанд
Габриела
Умберто
Имелда
Џери
Карен
Лоренцо
Мелиса
Нестор
Олга
Пабло
Ребека
Себастијан
Тања
Ван
Венди

Постои посебна листа со имиња за тропските бури и урагани што се формираат во источниот Пацифик:

Алвин
Барбара
Козме
Далила
Ерик
Флоси
Гил
Анриет
Иво
Жилиет
Кико
Лорена
Марио
Нарда
Октавиј
Присила
Рејмонд
Соња
Тико
Велма
Валис
Ксина
Јорк
Зелда

Како и зошто ураганите добиваат имиња?

Пред метеоролозите да започнат со именување на ураганите, тие биле опишувани со фрази како: „бура 800 километри југоисточно од Мајами“, што подоцна создавало конфузија бидејќи позицијата на бурите брзо се менувала.

Кога истовремено се појавувале повеќе бури, било тешко да се направи разлика меѓу нив.

Во 1953 година САД почнале да користат женски имиња за ураганите, а до 1979 година биле воведени и машки имиња, кои сега се менуваат наизменично.

Светската метеоролошка организација во Женева ги одредува имињата години однапред, според строги критериуми. Доколку некој ураган е особено разорен или смртоносен, неговото име се „пензионира“ и се заменува со ново.

Извор: Telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот