Ако едвај чекате да патувате во вселената, НАСА нуди шанса да го испратите вашето име на следната мисија на Месечината.
Оваа година НАСА ќе ја лансира својата мисија „Артемис I“ во вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал, Флорида, дел од заложбата на агенцијата да изгради долгорочно човечко присуство на Месечината во децениите што доаѓаат.
За да ја одбележи мисијата, НАСА ќе дозволи секој, бесплатно, да го стави своето име на флеш-драјвот што ќе биде на капсулата „Орион“.
- Се подготвуваме за „Артемида I“ - и сакаме да ве земеме со нас - напиша НАСА на својот твитер-профил.
Пријавувањето е едноставно. Прво, посетете ја веб-локацијата „Артемида I“
ТУКА.
Откако ќе кликнете на копчето „Земи карта за патување“, треба да го напишете вашето име и презиме, заедно со 4-7 цифрен ПИН-код. По поднесувањето НАСА ќе испрати QR-код за да им овозможи на оние што ќе се пријават виртуелно да се приклучат на идните лансирања на НАСА. За да пристапат до нивната „карта“, корисниците треба да го запомнат својот ПИН-код.
Не е одреден датумот за лансирањето бидејќи НАСА го одложи поради потребата од безбедносни проверки. Агенцијата се надева дека ќе го лансира леталото во мај 2022 година.
Уникатната можност ќе дојде кога вселенското летало „Орион“ ќе биде лансирано на најмоќната ракета на светот и ќе лета подалеку од кое било летало што било направено за луѓе, велат од НАСА. „Орион“ ќе лета на околу 100 километри над површината на Месечината приближно шест дена, бидејќи леталото ќе помине околу еден месец во вселената.
Целта на мисијата е да им даде на астрономите основа за тоа како нивното вселенско летало, кое е направено за луѓе, ќе работи при истражување на длабоката вселена.
- Ова е мисија која навистина ќе го направи она што не е направено и ќе научиме нешто што досега не ни е познато. Тоа ќе создаде патека што луѓето ќе ја следат на следниот лет на „Орион“ - рече менаџерот на мисијата „Артемис I“, Мајк Сарафин.
По „Артемида I“, НАСА планира да го лансира „Артемида II“ во мај 2024 година, со цел астронаутите да летаат околу Месечината. Во 2025 година НАСА планира да го лансира „Артемида III“ за да испрати астронаути на Месечината, вклучувајќи ги и првата жена и првата обоена личност на Месечината.
Извор:
Usatoday.com
Фото:
Twitter