X
 15.07.2021 Живот

Фотографија од германски град пред и по поплавите ја покажува сериозноста на невремето

Повеќе од 30 лица во Германија и во Белгија загинаа, а десетици се исчезнати по големите поплави што предизвикаа рушење на куќи и носеа сè пред себе, пренесе „Асошиејтед прес“.

За сериозноста на ситуацијата најдобро сведочат фотографиите и видеата што постојано се објавуваат на социјалните мрежи, а на една фотографија може да се види германскиот град Алтенбург пред и по поплавите.

На компилацијата од две фотографии објавена на „Редит“ се гледа огромната количина на вода која ги потопила улиците и куќите во малиот град.

Фото: Reddit

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот