Универзитетот „Стенфорд“ разви нов подводен робот кој им овозможува на истражувачите да ги проучуваат длабочините на океанот преку допир.
Роботот наречен „Оушнуанкеј“ се управува далечински од брод на површината на водата, преку систем што им овозможува на операторите да го почувствуваат она што го допира роботот.
Овој робот може да нурне до длабочина од 1.000 метри, во области што се премногу длабоки или опасни за луѓето.
Претходните модели на овој робот веќе биле користени за наоѓање древни артефакти и за истражување на остатоци од потонати бродови.
Истражувачите се надеваат дека оваа технологија ќе им помогне на научниците да го проучуваат здравјето на океаните, без разлика во кој дел од светот се наоѓаат.
Извор:
BBC
Фото: Screenshot/BBC