X
 27.07.2023 Технологија

Научници ќе спојуваат мозочни клетки со вештачка интелигенција

Во јавноста се расправа за тоа дали вештачката интелигенција е добра или лоша за светот, но една група од научници веќе работи на нешто ново.

Научници од Универзитетот „Монаш“ во Австралија веќе подолго време работат на создавање човечки мозочни клетки на силиконски чипови. Тие успеале да создадат 800.000 мозочни клетки во сад и да ги научат да играат игра. Но, сега сакаат да направат нешто уште понапредно. Како дел од нова истражувачка програма, тие сакаат да растат човечки мозочни клетки и да ги комбинираат со вештачка интелигенција во т.н. синтетичка биологија.

Истражувачката програма ќе користи мозочни клетки израснати во лабораторија, вградени во силиконски чипови за да ги обедини полињата на вештачката интелигенција и синтетичката биологија за клетките да создадат биолошки компјутерски платформи што може да се програмираат.

Оваа нова технолошка способност во иднина би можела да ги надмине перформансите на постојниот хардвер само со силикон. Резултатите од таквото истражување би имале значајни импликации во повеќе области како планирање, роботика, напредна автоматизација, интерфејси и откривање лекови.

Научниците успеале да добијат грант од 600.000 австралиски долари од државата за истражувањето. Проектот добил средства затоа што следната генерација на апликации за машинско учење, како што се автомобили и камиони со самоуправување, автономни дронови, роботи за испорака, интелигентни рачни уреди и уреди за носење, ќе бара нов тип на машинска интелигенција што ќе може да учи во текот на својот животен век, според истражувачите.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија