X
 16.11.2023 Живот

Не сака перена облека, не сака капа, шал, хулахопки... Плаче без престан и се противи кога треба да се преслече. Што да направам?

Ќерка ми има четири години и не сака облекување, не сака перена облека, не сака нови/чисти чорапи, јакната не смее да ја стега кај ракавите (да нема ластик), капа, шал, хулахопки никако. Кога носи дуксер со качулка, мора да ѝ е ставена на глава (независно дали е внатре или надвор), а чорапите ги мести на работ. Пред да ја смени облеката или да облече јакна, чорапи, плаче без престан, се противи. Излегувањето надвор е истоштувачко и за неа и за нас. Сета облека ѝ е широка/комотна, памучна, точна за нејзината возраст. Пробано е на сите начини за разубедување/убедување дека треба да се менува облеката, да биде чиста, уредна. Да може, постојано ќе биде во една иста (претходно заносена) облека. И онака носи само 2-3 пара панталони и 2-3 блузи, но кога тие треба да се заменат со чисти, настанува голем проблем. Откако ќе се облече, плачејќи бара да ја кренеме в раце.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот