Граѓаните во Франција често практикуваат радикални мерки за да го забават сообраќајот и да ја зголемат безбедноста во близина на своите домови.
Имено, тие можат да поставуваат лажни радари, но со јасно утврдени правила.
Канти за ѓубре, поштенски сандачиња, ПВЦ-цевки или дури и фрижидери - сите овие предмети се дозволени со цел да се измамат возачите и со минимално уредување да изгледаат како сообраќајни камери.
Лажните радари не се забранети со закон.
Исто така, компаниите легално ги продаваат овие видови производи на пазарот.
Сепак, дозволено е да се постави лажен радар само на земјиште што е во сопственост на лицето или фирмата што го поставува.
Не смее да се поставува на јавна површина и ваквиот уред не смее да ги попречува другите учесници во сообраќајот. На пример, не смее да има вградено блиц, односно да трепка. Казните за неправилно поставување можат да достигнат и до 1.500 евра.
Извор:
Nezavisne.com
Фото: France televisions