X
 15.09.2025 Живот

МОН: Онлајн настава во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

Министерството за образование и наука информира дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ во Општина Гази Баба, од денеска (15 септември) до петок (19 септември) ќе се реализира без физичко присуство на учениците во училиштата, туку онлајн.

Поради настанатиот пожар во Трубарево, Општина Гази Баба и препораките на Државниот инспекторат за животна средина, на итна седница на Владата беше донесен Заклучок наставата во четирите основни училишта да се реализира преку далечинско учење, со примена на средства за електронска комуникација.

Министерството за образование и наука ги извести училиштата да ја организираат наставата согласно новонастанатите услови.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот