X
 15.12.2018 Забава

Како е украсен домот на британската кралска фамилија

Празничното расположение стаса и во домот на британската кралска фамилија и сигурно ќе ви биде интересно да видите како се украсени најпознатите дворци во Велика Британија.

Кај кралската фамилија сѐ има традиционален и стилизиран изглед, а се инсистира на природни елки. Пред Кенсингтонската палата е поставена раскошна елка од девет метри, украсена со лампиони во златна боја.


Пред влезот на Бакингемската палата, пак, се поставени неколку елки.

Внатрешните украси се малку пошарени, венецот од гранки е поставен долж оградата на скалите и е украсен со лампиони во различни бои. Сепак, се чини дека омилени украси во кралската фамилија се оние со облик на круна.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава