X
 08.01.2016 Технологија

Како да создадете едноставен електричен мотор?

Доколку сакате да изградите електричен мотор тоа можете да го направите со некои работи кои сигурно се наоѓаат низ вашиот дом.

 

1



Ок, можеби ова е нешто што би требало да го купите. Магнетната жица изгледа како обична бакарна жица, но таа е прекриена со гумена изолација. Првиот чекор е да ја завиткате магнетната жица околу кружен објект за да направите намотка. Оставете ги краевите да излегуваат од кругот, како на фотографијата погоре.

Зошто да се завитка во круг? Основната идеја е дека електричната енергија создава магнетно поле. Можете да ја зголемите силата на ова магнетно поле преку зголемување на енергијата или преки правење на неколку јамки. Бидејќи сега ќе правите едноставен мотор, подобро би биле повеќе јамки.

Оваа јамка ќе биде главниот дел кој се врти на електричниот мотор. Сепак, за да започне да се врти со еден магнет, потребно е да се промени насоката на електричната струја. Всушност, дизајнот едноставно ќе ја приклучува и исклучува струјата наместо да менува насока. Ова можете да го направите со соголување на еден дел на гумата за изолација на жицата.

 

2


Земете нешто остро, како на пример ножици или жилет, и искористете го за да ја отстраните гумата.

Кога оваа јамка се постави на метален спроводник, струјата ќе тече низ јамката. Бидејќи сакаме јамката да се врти, мора некако да се поддржи. Можете да искористите две спајалици за да формирате држач за јамката. Но, внимавајте - потребни ви се железни бидејќи пластичните спајалици дејствуваат како изолатори. Залепете ги спајалиците за D-cell батерија.

 

3


После тоа, подготвени сте да започнете. Лизнете ја јамката од жицата низ спајалиците такашто тие ќе ја поддржат. Може да е потребно малку да ја свиткате жицата. Обезбедете јамката да може да се врти слободно. Доколку нема баланс, ќе имате проблем. Кога голата бакарна жица е во контакт со спајалицата, тогаш ќе има електрична енергија во јамката и магнетно поле. Потребен ви е друг магнет кој ќе комуницира со јамката. Било кој магнет ќе ја заврши работата - обидете се да пронајдете керамички магнет кој го има насекаде.  Крајниот резултат треба да изгледа вака.

 

електрична

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија