X
 25.01.2016 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време да очекуваме во наредните денови?



Во понеделник во утринските часови ќе има појава на слаб, поради ниските утрински температури движат од -10 до 1 степен. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и потопло. Слаб северен и северозападен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат до 1 односно до 7 степени.

Во понедленик во Скопје ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и потопло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -3 степени, а максималната дневна до 4 степени.

Во Македонија во вторник ќе биде умерено облачно со кратки сончеви периоди и потопло со пораст на утринските и на дневните температури. Во североисточните и источните предели постојат услови за сосема слаби врнежи од дожд и снег. Дневните ќе се движат од 4 до 10 степени. Во среда, четврток и петок натпросечно топло за овој период од годината. Во среда и четврток сончево со локална облачност и топло со дневни температури од 7 до 13 степени, односно од 9 до 15 степени. Во петок умерено облачно со сончеви периоди и максимални температури од 7 до 13 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот