Масовните изумирања, огромните вулкански ерупции и наглиот пад на кислородот во океаните можеби не се случајни настани.
Ново истражување сугерира дека најголемите геолошки катастрофи на Земјата би можеле да се повторуваат во правилен циклус од околу 27,5 милиони години.
Геологот Мајкл Рампино од Универзитетот во Њујорк анализираше податоци за 89 големи геолошки настани во последните 260 милиони години, вклучувајќи масовни изумирања, големи вулкански ерупции, промени на нивото на морето и поместувања на тектонските плочи. Анализата покажа дека многу од тие настани се групираат во интервали од приближно 27,5 милиони години.
Авторите не сметаат дека една катастрофа предизвикува друга, туку дека различни системи на Земјата можеби истовремено реагираат на исти долгорочни процеси.
Како можни објаснувања ги наведуваат бавните промени во Земјината обвивка, кои влијаат врз вулканизмот и тектонските плочи, како и долготрајните промени на климата и нивото на морето.
Рампино разгледува и поконтроверзни хипотези, како што е минувањето на Сончевиот систем низ галактичката рамнина, што би можело да ја зголеми веројатноста за удари на големи астероиди, но нагласува дека за таквите тврдења засега нема директни докази.
Истражувачите истакнуваат дека резултатите не претставуваат конечен доказ, бидејќи геолошките записи се нецелосни, а датирањето на многу стари настани не е целосно прецизно.
Сепак, тие сметаат дека шемата од околу 27,5 милиони години заслужува понатамошни истражувања.
Истражувањето е објавени во списанието „Еволвинг ерт“.
Извор:
Science Alert
Фото: Magnific