X
 16.02.2016 Живот

Пролетни температури во февруари... Какво време да очекуваме во наредните денови?



Во Македонија во вторник ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, ветровито и многу топло со температури кои се повисоки и за 12 односно 14 степени од просечните за овој период од годината. Повеќе сончеви периоди се очекуваат во северните и северозападните предели. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 45 км/ч. Утринските температури од 4 до 11 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 15 односно до 23 степени.

Во Скопје во вторник ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и топло. Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 9 степени, а максималната дневна ќе достигне до 22 степени.

Во Македонија во среда ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, ветровито и топло со максимални температури од 13 до 22 степени. Во четврток продор на влажна воздушна маса од медитеранот која ќе донесе врнежи од дожд проследени со засилен ветер и пад на дневните температури кои ќе се движат од 9 до 17 степени. Во четврток и петок во утринските и претпладневните часови ќе има појава на магла, а во текот на денот сончеви периоди и топло. Силниот ветер ќе прстане а максималните температури ќе се движат од 12 до 20 степени од петок, односно од 11 до 18 степени во сабота.Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот