X
 17.02.2016 Живот

Во која земја се пие најмногу алкохол?

земја 

 

Оваа земја има околу 1.6 милиони алкохоличари, а нејзините граѓани во просек пијат 14 чаши жесток алкохол неделно.


Но ако мислите дека оваа земја е Русија или Германија, тогаш грешите. Всушност, би се изненадиле затоа што Јужна Кореја ги надминува сите останати земји кога станува збор за пиењето.

Оваа земја консумира алкохол двојно повеќе од Русите, кои пијат шест чаши жесток алкохол неделно.

Во Јужна Кореја пиењето не е само национално хоби - за 50 милиони луѓе ова е начин на живот и сигурен начин да напредувате во кариерата.

Стив Чао, продуцент на документарецот „South Korea's Hangover“ вели дека алкохолот е социјален лубрикант за многу работници. Она што Јужно-корејците го пијат се вика „Соџу“ со 20% алкохол во содржината, а е дизајниран да ве испијани за брзо време. Шишето е околу 2 долари.

За голем дел од луѓето кои се во полето на бизнисот, пиењето е средство кое се користи да се изградат врските во бизнисот и врските со луѓето. Други пак велат дека не само што им го ублажува стресот, туку и им овозможува да зборуваат отворено со своите колеги надвор од работата.

„Пиењето е дефинитивно дел од секојдневниот живот, додека пиењето со колегите се смета за задолжителен дел од работата“, вели Ејми Барнвел, која се преселила во Јужна Кореја за да предава англиски.

Доколку одбиете пијалок, тогаш сериозно ги навредувате луѓето. За голем број луѓе од Јужна Кореја, пиењето често е начин за „справување“ со социјално непријатните ситуации.

„Пиењето со колегите е начин преку кој утврдувате каков вид на личност сте надвор од работното место и дали вашите колеги ќе се согласуваат со вас. Исто така, постојат бон-тон правила кои се применуваат во овие ситуации, такашто одбивањето на пијалок е нешто што никогаш не треба да го направите“, додава таа.

Интересно е тоа што иако Јужно-корејците важат за народ кој пие многу, сепак насилството под доза на алкохол не е социјален проблем со кој тие често се соочуваат.

Иако Јужно-корецијте немаат никаква толеранција кон дрогата, сепак луѓето прифаќаат пијани луѓе затоа што пиењето е вкоренето во нивната култура. Јужно-корејците едноставно сфаќаат дека пиењето е нешто што се случува во општеството и се справуваат со него на логичен начин. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот