Една нова студија е додаток на големиот број докази дека „оземпик“ може да им помогне на луѓето да го намалат пиењето алкохол.
Некои пациенти што земаат мала доза на семаглутид, активната состојка во лековите „оземпик“ и „вегови“ (инјекција против дебелина), пријавиле дека ја намалиле консумацијата на алкохол, според новата студија објавена во научното списание „ЈАМА психијатрија“. Тоа било првото рандомизирано, контролирано клиничко испитување за ефектите на семаглутид врз консумирањето алкохол.
Малото клиничко испитување следело 48 возрасни лица, со нарушување на употребата на алкохол, кои не барале третман во текот на девет недели. За време на студијата, истражувачите им дале на половина од групата мали неделни дози на семаглутид, додека другата половина добила плацебо. По два месеца луѓето што земале семаглутид пиеле речиси за 30 отсто помалку во споредба со просечното намалување од околу 2 отсто кај учесниците во студијата што земале плацебо.
Семаглутид спаѓа во класата лекови познати како „ГЛП-1“, популарни во третманот за дијабетес со „оземпик“. Овие лекови имитираат хормон кој комуницира со дел од мозокот - мезолимбичкиот систем - за да го намали апетитот и да предизвика задоволство по јадењето. Сепак, доказите почнуваат да се зголемуваат, а покажуваат дека овој лек може да им помогне на луѓето со други видови желби. Мезолимбичкиот систем се преклопува со процесите на мозокот кои влијаат врз однесувањето, кое пак, предизвикува зависност.
- Ова преклопување покажува дека овие лекови може да ги модулираат патиштата за „награда-одговор“, поврзани со употребата на супстанции - теоретизираат авторите на студијата.
Истражување на „Морган Стенли“ од минатата година покажало дека луѓето што користат лекови „ГЛП-1“ ја намалиле консумацијата на тутун.
Дејвид Рикс, извршен директор на производителот на „зепбаунд“, во декември изјавил дека компанијата планира да тестира лекови за дебелина како третман за зависност од алкохол и дрога, почнувајќи од оваа година.
Извор: qz.com
Фото: Freepik