X
 03.03.2016 Живот

Какво време да очекуваме во деновите од викендот што следува?

/

Во Македонија во четврток по свежото утро, претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Попладне зголемување на облачноста и нестабилно со врнежи од дожд. Локално се очекуваат да наврнат од 10 до 20 литри дожд. Во вечерните часови над 1000 метри се очекуваат и врнежи од снег. Ќе дува засилен југозападен и југоисточен ветер. Утринските температури од -2 до 6 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 7 односно до 18 степени.

Во Скопје во четврток претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста и нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 3 степени, а максималната дневна до 15 степени.

Во Македонија во петок ќе биде умерено облачно со локални врнежи од дожд. На места над 1000 метри со слаби врнежи од снег. Максималните температури од 3 до 13 степени. Во сабота студено утро со утрински температури од -4 до 3 степени. Во текот на денот претежно сончево со локална облачност и дневни температури од 9 до 18 степени. Во недела ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и потопло со температури кои ќе достигнат до 11 односно до 20 степени. И во понеделник ќе биде претежно умерено облачно со сончеви периоди, во доцните попладневни часови во западните предели постојат услови за врнежи од дожд. Максималните температури од 13 до 22 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот