X
 15.03.2016 Култура

Поддржете ја играта на "Кикстартер" создадена од Македонци

Започнува нова ера за галаксијата. Четири од најголемите цивилизации кои живеат во галаксијата конечно може да патуваат во меѓуѕвездениот простор и се подготвени да ги основаат своите империи и да доминираат во галаксијата. Вашата цивилизација е една од нив.


Како лидер, мора да се потрудите вашата империја да доминира на крајот. Ова ќе го постигнете со колонизација на планетарните системи и истражување на небото со своите бродови. Најдете стратегија со која би станале најсилна империја во галаксијата.

Ова не е дел од научно-фантастичен филм. Ова е аналогна игра за 2-4 играчи, создадена од Македонци. За да ја добиете играта во свои раце, донирајте за нејзина реализација. Тоа може да го сторите преку „Кикстартер“, кадешто се собираат пари.

Досега се собрани над 8.000 долари од потребните 14.000 долари.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура