X
 03.05.2016 Живот

Лекции кои можеме да ги научиме од шампионскиот тим на Лестер

Лестер синоќа ја освои Премиер лигата, со што нивниот сон стана реалност, откако натпреварот помеѓу Тотенхем и Челзи заврши 2:2, со што на „аутсајдерите“ им овозможи да го освојат трофејот.



Ова се неколку лекции кои може да се извлечат од успехот на Лестер.

1. Никогаш не престанувај да веруваш во себеси
Луѓето можат да кажат што сакаат, меѓутоа само вие одлучувате дали ќе бидете успешни. Ако Лестер ги слушаше сите оние луѓе кои велеа дека нема да успеат, тогаш тие навистина немаше да имаат никаков успех. Критичарите беа повеќе од желни да ги отпишат од титулата, меѓутоа тимот на Клаудио Раниери никогаш не слушаше никој околу нив.

2. Талентот без напорна работа е ништо
Успехот на Лестер е доказ дека дури и ако не сте најталентирани, сето тоа може да се надомести преку напорна работа. Шампионската екипа на Лисиците е составена од послаби играчи, со минимален буџет. Во споредба со Серхио Агуеро, Еден Азар и Месут Озил, Лисиците не се најдобри играчи меѓутоа се и повеќе од подготвени да се обидат и да дадат се` од себе.

3. Бидете свои
Сите имаат различни предности и слабости, такашто не би било во ред да бидете нешто што не сте. Лестер знае дека не се технички најдобри играчи, па затоа тие никогаш немале лажна надеж дека можат да бидат најдобри и дека можат да играат фудбал добар колку на Барселона или Баерн Минхен. Но, она што го имаат е брзина и издржливост и тоа го имаат во изобилство. Тие располагаат со најбрзите играчи во лигата и го користат нивното темпо за да ги уништат противниците, од првата до последната минута. И не престануваат да трчаат.

4. Парите не се сè
Недостатокот на финансии не е изговор за вие да не го дадете најдоброто од себеси. Може да имате мал паричник, но за да успеете, потребно ви е големо срце и добро осмислен план. Лестер преку прецизно планирање и паметно регрутирање ја направија вредна секоја фунта и токму затоа се способни да победат некој подобар од нив.

5. Искористете ја шансата
Ако ви е дадена добра шанса, не се двоумете и искористете ја бидејќи нема да дојде два пати. Лестер сити не се најимпресивните шампиони - всушност, врз основа на гол разликата, нивните моментални +30 ги прави најлоши во историјата на англиската премиер лига. Но Лисиците ја освоија лигата бидејќи тие се бореа кога сите други паднаа. Челзи беше уништен уште на почетокот на сезоната, Манчестер Јунајтед продолжи да се бори после заминувањето на Фергусон, а Манчестер Сити беше оставен да се бори со менаџерската нестабилност, додека Арсенал си е Арсенал. Знаејќи дека повеќе нема да имаат ваква шанса, Лестер ја зграпчи можноста и никогаш не погледна назад.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот