X
 07.05.2016 Економија

Финансиски лекции на кои треба да го научите детето

Доколку сакате вашето дете да порасне подготвено за финансиски добра иднина, најдобро е да им поделите мудрост додека се млади. „Fool“ нуди 5 важни лекции од кои може да започнете.


Парите мора да се заработат

Многу луѓе мислат дека откако децата стигнат до одредена возраст, тие мора да добиваат џепарлак. Во реалноста, не му правите услуга на детето давајќи му пари наместо поттикнувајќи го да ги заработи. Децата треба да разберат дека парите следуваат како резултат на напорна работа. Наместо да им давате пари на децата, понудете им можности за заработка со правење активности. Тоа ќе ги научи на вистинската вредност на парите.

Знајте колку имате и колку може да си дозволите

Штом вашите деца се доволно стари за да бројат, научете ги да водат сметка на парите кои ги имаат. Охрабрете ги редовно да проверуваат колку заштедиле и објаснете им како тие пари се поврзани со работите кои сакаат да ги купат.

Секогаш инвестирајте пари кои не ги користите

Кога децата ќе стигнат на одредена возраст кога го разбираат концептот на ставање пари во банка, тие треба да имаат штедни сметки. Но, тоа не е се`. Објаснете им и зошто е добро да се чуваат пари во банка и научете ги дека нивните пари секогаш треба да бидат во нивна функција со штедење и инвестирање.

Секогаш трудете се да платите помалку

Зошто да плаќате повеќе отколку што требате за било што? Ова е концепт на кој може да ги научите децата секојдневно. Покажете им како може да заштедат со планирање однапред. Тоа ќе ги научи да размислуваат на стратегии наместо да купуваат импулсивно.

Никогаш не одбивајте бесплатни пари

Одбивањето бесплатни пари е нешто што го правиме секојдневно, најчесто поради мрзеливост. Доколку го научите детето да не одбива бесплатни пари, тие почесто ќе ги искористуваат можностите кога се постари.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија