X
 15.05.2016 Живот

Германија ја укинува социјалната помош и помошта за невработени за странците

Германија подготвува закон со кој на државјаните на Европската унија значително би им се отежнал пристапот до социјална помош и помош за невработени во Германија, јавуваат германските медиуми.


- На државјаните на Европската унија начелно во првите години во животот во Германија ќе им биде оневозможен пристап до социјални поволности како социјална помош и помош за невработени - јавува „Функе“, повикувајќи се на нацрт законот на Министерството за труд и социјала.

Ова правило веќе е одамна на сила за странците кои не се државјани на некои од земјите-членки на Европската унија. Германската влада со планираните мерки сака максимално да го ограничи доаѓањето на државјани од други земји-членки на Европската унија кои сакаат да профитираат од релативно големи социјални поволности во Германија, во споредба со останатите земји.

Министерката Андреа Налс уште на крајот на 2015 година најавила законска регулатива која би спречила таканаречен „социјален туризам“, а еден социјален суд изминатата година донел одлука со која државјаните на ЕУ кои бараат вработување во Германија имаат право на социјална помош по шест месеци престој.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот