X
 18.05.2016 Живот

WIZZ AIR и ТАВ прославија 12 годишнина на авиокомпанијата

Со промотивен лет на новиот Airbus A321, Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, денес на скопскиот аеродром заедно со ТАВ Македонија симболично ја прослави 12 годишнината од својот прв лет.

Генералниот Извршен Директор на Wizz Air, Јозеф Варади заедно со авионскиот екипаж, беа пречекани на аеродромот Александар Велики, од страна на Зоран Крстевски, Генерален Извршен Директор на ТАВ Македонија заедно со целосниот менаџерски тим на аеродромот, додека авионот беше традиционално поздравен со водени топови.



„Во изминатите 12 години Wizz Air го револуционизираше воздухопловството низ Централна и Источна Европа. Ние моментално поврзуваме 39 држави, со дестинации кои се протегаат од Европа до Блискиот Исток. Минатата година, го лансиравме нашиот освежен бренд и го испорачавме првиот Airbus A321 авион, најефикасниот авион со еден коридор во светот и со нашите тековни испораки, нашата флота останува една од најмладите во Европа. Нашата мисија е константно да го подобруваме патувачкото искуство на нашите патници, а денес, правиме чекор напред со лансирањето на нашата нова веб-страница. Како одраз на иновацијата што Wizz Air ја воведе со својот прв лет, ние одговараме на нашите патници и го правиме букирањето на летовите уште полесно – новата револуционерна функција „Express Booking“ (експресно букирање) овозможува букирањето на картите со ниски цени на Wizz Air да биде направено со само три клика во рок од 30 секунди. Ние ќе продолжиме да ја развиваме мрежата на рути во Европа и пошироко и со нетрпение ги очекуваме нашите веќе постоечки корисници и новите клиенти да ја искусат одличната услуга на Wizz Air овозможена од нашот фантастичен тим.“ - изјави Јозеф Варади, Генерален Извршен Директор на Wizz Air.

,,Слетувањето на новиот Airbus A321 на авиокомпанијата Wizz Air и одбележувањето на нивната 12-годишнина е добра можност за потврда на добрата соработка меѓу нас како аеродромски оператор и Wizz Air како авиокомпанија. Wizz Air почна со летови на скопскиот аеродром ,,Александар Велики’’ во јуни 2011 година, со првиот лет до Лондон (Лутон). Денес можеме да се пофалиме дека Wizz Air лета на вкупно 24 дестинации, поврзувајќи ја Македонија со 11 европски држави. Зголемената мрежа на дестинации и зголемениот сообраќај на двата македонски аеродроми нè охрабрува да предложиме и нови дестинации, а зошто да не и на прекуокеански сообраќај’’ – изјави Зоран Крстевски, Генерален Извршен Директор на аеродромот во Скопје "Александар Велики"

Основана во септември 2003 година, првиот Wizz Air авион полета од Катовице, Полска на 19ти Мај 2004 година, со поставување на амбициозна цел за одржување на нискобуџетна авиокомпанија која ќе оперира надвор од Централна и Источна Европа. Откако успешно ја постигна својата цел, авиокомпанијата продолжува да иновира за најдобро да им служи на потребите на своите корисници, па така таа денес го објавува лансирањето на нова веб-страна како и нов авионски капацитет и линии.

Новата веб-страна на Wizz Air има распоред кој е лесно прилагодлив на секоја големина на екрани: смартфони, таблет или десктоп и е полесна за користење од било која друга тековна авионска веб-страна. Револуционерната функција (експресно резервирање) „Express Booking“ е првата функција од овој вид која им овозможува на корисниците да купат карта со само три клика во рок од 30 секунди. Wizz Air најпрво ја воведува мобилната верзија на веб-страната, со цел да се запознае со потребите на технолошките експерти, корисници на Wizz Air, како последица на дуплирањето на трансакциите од мобилен од година во година. Во текот на следните недели, веб- страната ќе биде вметната низ сите платформи. Веб-страната веќе е постоечка и на неа може да се закачите директно од смартфон преку wizzair.com или преку m.wizzair.com од било кој уред. Започнувајќи со својот прв лет во Скопје во 2011 година, Wizz Air константно ги зголемува своите операции во регионот. Авиокомпанијата моментално е најголемата во Македонија, во однос на расположливиот капацитет и плaнира истиот во 2016. година да го зголеми за 22%. Wizz Air брои пилоти и тим од 115 вработенин и расолага со 3 авиони стационирани во Скопје. До денес, авиокомпанијата услужила 2.2 милиони патници на нејзините 24 рути до 11 држави, од два македонски аеродроми во Скопје и Охрид.

ТАВ Македонија ја заврши 2015 година со зголемување од 22% на вкупниот број на патници на двата аеродроми во Македонија – Александар Велики во Скопје и Св.Апостол Павле во Охрид, достигнувајќи бројка од 1,560,381 патници.

Трендот на зголемување на авио-сообраќајот продолжува и оваа година. Во првите 4 месеци од 2016 година преку двата македонски аеродрома беа пренесени 486,968 патници, што е за 28% повеќе во споредба со истиот период во 2015 година. Исто времено, бројот на операциите (полетувања и слетувања) на двата аеродроми е пораснат за 15%.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот